| четврток, 6 декември 2018 |

Маж ја претепал сопругата во охридско Лешани

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело телесна повреда при семејно насилство, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М. (35) од селото Лешани. Насилството се случило во семејната куќа во селото Лешани.

Тој започнал жестока расправија со неговата сопруга Г.М. (29), упатувајќи и низа навредливи зборови и пцовки, а потоа почнал да ја удира со нозе и тупаници по целото тело. Жената побарала медицинска помош во локалната амбуланта, по што била пренесена во Општата болница во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top