| четврток, 6 декември 2018 |

За 3500 евра никогаш не стигале до Германија: Уапсен косовски пратеник поради измама со визи

Косовската полиција го уапси вчера некогашниот новинар и актуелен пратеник во косовскиот парламент од партијата Иницијатива за Косово, Миљаим Зека поради сомнеж дека учествувал во измама со визи.

Нему му е одреден притвор од 48 часа.

Зека се товари за учество во криминална група и затајување на данок, а приштинскиот весник „Експрес“ потсетува дека косовскиот пратеник бил уапсен откако порталот „Инсајдери“ објавил текст за „скандалот со визите“.

– Деветстотини граѓани на Косово се обиделе да емигрираат во Германија со работни визи добиени во една агенција за вработување, која всушност била измамничката шема на пратеникот Миљаим Зека и неговиот соработник Илир Красниќи, пренесува „Експрес“.

Како што се наведува, подносителите на барањата наводно плаќале за виза од 50 до 3.500 евра. Красниќи, исто така, е приведен пред неколку дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top