| четврток, 6 декември 2018 |

Ал Пачино и Роберт де Ниро повторно снимаат заедно филм

Само Мартин Скорсезе може да ги спои големите актерски ѕвезди Роберт де Ниро, Џо Пеши и Ал Пачино.

На интернет се појавија фотографии од снимањето на филмот „Ирецот“ (The Irishman) на кои може да ги видиме холивудските легенди заедно.

Пачино ќе го толкува ликот на поранешниот шеф Џими Хоф, а приказната во филмот е базирана на вистински крими-роман за врската на мафијашкиот бос и професионален убиец кој го толкува Де Ниро.

Пеши наводно го игра ликот на мафијашки дон кој наводно му наредил на Де Ниро да го убие Пачино.

Светската премиера на филмот се очекува во 2018 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top