| четврток, 6 декември 2018 |

Пуџдемон има рок до четврток за да се изјасни за независноста на Каталонија

Шпанската Влада соопшти денеска дека претседателот на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон не се изјаснил за тоа дали е прогласена или не независност на Каталонија и побараа од него да даде „јасен“ одговор до четврток претпладне.

– Владата жали што претседателот на каталонската Влада одлучи да не одговори на владиното барање, изјави шпанскикот вицепремиер Сораја Саенз де Сантамарија на прес-конференција.

Таа додаде дека она што го бара Мадрид е „јасен одговор“.

Претходно, шпанскиот министер за правда Рафаел Катала изјави дека Пуџдемон денеска дал „нејасен одговор“ на барањето на Мадрид.

Одговорот на Пуџдемон беше на барање на шпанскиот премиер Маријано Рахој за изјаснување – дали е прогласена независност на Каталонија или не.

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон не даде денеска јасен одговор дали објавил независност на Каталонија, во писмо испратено до шпанскиот премиер Маријано Рахој.

Во него, тој бара два месеца одлагање на прогласувањето независност заради разговори со централната Влада на Шпанија.

Пуџдемон, во писмото на четири страници, повикува на завршување на „репресијата над каталонскиот народ“ и на одржување состанок со шпанскиот премиер Рахој за да разговараат за состојбата во Каталонија и да постигнат договор.

Тој наведува дека дијалогот би требало да се одвива во текот на наредните два месеца и притоа побара од шпанскиот премиер да ја стопира судската постапка против шефот на каталонската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top