Рускиот претседател Владимир Путин ги повика земјите од светот да не трошат време на ривалство, туку да воспостават соработка.
-Мора да престанеме да се гледаме едни со други како ривали. Не знам како е тоа можно да се изведе на меѓународен план, но мора да пробаме. Мора да пробаме да гледаме на едни на други како на партнер“, изјави Путин на состанокот со учесниците на 19. Меѓународен фестивал на младината и студентите во Сочи.
Земјите, место да ги здружат напорите за решавање на заедничките проблеми, ги трошат ресурсите на работи кои не се важни, констатира Путин. „Ги трошиме на ривалство… Тоа се многу деликатни работи. Можеби е утопија бидејќи природата е исполнета со духот на ривалството, но мора барем да се трудиме на не дозволиме тоа ривалство да прерасне во омраза или дури и во војна“, предупреди Путин, пренесе Тасс.
Путин нешто порано, отворајќи го фестивалот, им порача на младите да бидат дрски, доследни и храбри во постигнувањето на своите цели. „Убеден сум дека вие младите од цел свет, од разни националности и религии, обединети од заедничкото чувство на вредност и цел – ќе тежнеете кон слобода, среќа, мир, и повисоки достигнувања“, рече Путин.
На младите им вети дека ќе направи се за да се остварат целите. „Енергијата и талентот на младите се восхитувачка сила. Младите генерации секогаш донесуваат иновативни идеи. Склони сте на експерименти, и никогаш не ги прифаќате традиционалните начини на живот. Бидете дрски. Креирајте ја својата иднина. Бидете храбри доволно за да го промените светот, да го направите подобар. Бие тоа го можете“, им порача рускиот претседател.
Организаторите порано наведоа дека на фестивалот се очекуваат окoлу 20.000 млади луѓе од околу 150 држави, а манифестацијата се организира на шест различни јазици од Обединетите нации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


