| четврток, 6 декември 2018 |

Љиљана Петровиќ: Тоше ме викаше тетка Биберче

На гробот на Тоше одам секогаш кога ќе дојдам во Македонија. Тоа може да е секој друг ден, само не е тој 16 октомври. Го посетив и музејот, тоа е еден убав спомен на Тоше. Тој нема да биде заборавен, тоа е дефинитивно.

Поминаа точно десет години, откако си замина нашата најголемата поп-ѕвезда, миленикот на народот и амбасадор на УНИЦЕФ, Тоше Проески. Тоше го загуби животот на 16 октомври во 2007 година, во сообраќајна несреќа во Хрватска, кај местото Нова Градишка, патувајќи на снимање накај Загреб. Останаа многу недовршени музички проекти и песни кои ги сочувал во неговиот компјутер. Една од нив е и англиската „Light the Flame“, која Меѓународната Фондација Тодор Проески и семејството Проески ја промовираа на 5 октомври, на денот кога Тоше во 2007 година го одржа својот последен голем солистички концерт, трет пат полнејќи го скопскиот Градски стадион. Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ, која беше во автомобилот со Тоше за време на несреќата, една година по неговата смрт се повлече од сите концерти кои беа организирани во негова чест, како и довршувањето на албумите и на песните кои беа постхумно издадени. За „Женски магазин“ Љиљана сподели дел од спомените на Тоше, и ексклузивно за Женски Магазин откри дека и се враќа на менаџерската работа со нов пејач.

zenskimagazin.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top