Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу 8 часот се случила на Средно Водно.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила во момент кога автомобил „Опел Инсигниа“ управуван од скопјанецот М.М. (49) удрил во пешакот К.Ф. (43) на излезот од паркингот кај жичарата.
Повредениот со сопствено возило заминал во една од приватните болници каде му се конататирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.