| четврток, 6 декември 2018 |

Курц посакува стабилна Влада и вети нова политика во Австрија

Лидерот на австриската Народна партија и министер за надворешни работи во заминување, Себастијан Курц вечерва прогласи победа на парламентарните избори, по што ќе стане најмладиот премиер во Европа.

Тој ја прогласи победата откако прелиминарните резултати, добиени врз основа на преброени 90 отсто од гласовите, покажале дека неговата партија има предност во однос на другите политички сили.

– Би сакал да формирам стабилна влада. Доколку тоа не е можно постојат и други опции. Планирам да разговарам со сите парламентарни партии, но прво ќе почекам сите гласови да бидат преброени, истакна Курц за државната телевизија ОРФ.

Тој вети дека ќе спроведе нова политика во Австрија.

– Ви ветувам дека ќе се борам со сите сили за промена во нашата земја. Ја преземам таа одговорност со голема смиреност, нагласи Курц.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top