| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници од СДСМ со ножеви упаднале во централниот штаб на ГРОМ во Карпош (ВИДЕО)


Активисти на СДСМ вечерва пробале насилно да упаднат во централниот штаб на партијата ГРОМ, кој се наоѓа на улицата „Рузвелтова“ во скопски Карпош.

Насилниците физички ги нападнале и кандидатот за градоначалник на ГРОМ за Карпош, Стевче Јакимовски, и неговиот син. Ги удирале со тупаници и шлаканици , а според информациите до кои дојде Република, биле употребени и ножеви и лисици.

Јакимовски претходно јавно го призна поразот во Карпош и му ја честита победата на противкандидатот Стефан Богоев од СДСМ.

Во моментов пред штабот на ГРОМ врие од полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top