| четврток, 6 декември 2018 |

Понуда за сите: Куќи за по 1 евро под еден услов

Три града во Италија за да не останат без жители имаат поволна понуда.

Како што пишуваат медиумите, куќи можат да се купат за едно евро, а според некои огласи, има и куќи кои се нудат бесплатно.

Поради страв да не бидат избришани од географската карта овие градови нудат екстра евтини куќи.

Но, има еден услов. Купувачот мора да потпише договор со кој се обврзува да инвестира во куќата и тоа најмалку 25.000 евра.

Недвижнините кои се нудат за едно евро се стари, и се наоѓаат покрај море.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top