| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски: Очекувам мирни и фер избори

Кандидатот за градоначалник на Карпош од партијата ГРОМ, Стевче Јакимовски го оствари своето право на глас и рече дека очекува мирни и демократски избори.

-Во општина Карпош граѓаните секогаш гласале фер, достоинствено, слободно и демократски. Убеден сум дека и овој пат ќе биде така, и ги повикувам да гласаат за оној кандидат за кој сметаат дека го заслужува нивиот глас, и да го остварат своето демократско право на избор, истакна Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top