Во општина Битола до 17 часот на 170-те гласачки места гласале 50 проценти од избирачите. Претседателот на ОИК-Битола Зоран Насев потврди дека гласањето се одвива без пречки, а право на глас имаат 83.616 лица.
Општинските изборни комисии во Демир Хисар, Новаци и Могила потврдија дека денешните локални избори на сите избирачки места се одвиваат демократски, непречено и без проблеми.
Во општина Демир Хисар до 17 часот на 36 избирачки места гласале 66 отсто од 7.311 полнолетни граѓани со право на глас.
На подрачјето на општина Новаци се гласа на 24 избирачки места, а до 17 часот гласале 64 отсто од полнолетните граѓани.
Во општина Могила се гласа на 23 избирачки места. До 17 часот гласале 50,05 отсто од 5.520 жители со право на глас во таа локална самоуправа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст