| четврток, 6 декември 2018 |

Прва се оперираше и ги напумпа усните и градите, беше мажена за најмоќниот човек, а сега не личи на себе

Милица Гајиќ, некогаш Милошевиќ, беше прва и единствена сопруга на Марко Милошевиќ, син на некогашниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Во деведесеттите, во време кога процвета беспарицата, инфлацијата, црната економија, кичот и шундот, таа беше една од несаканите личности во народот. На народот на кој му беше доста од беда и расфрлање на претседателското семејство.

Снаата на Слободан Милошевиќ, беше меѓу првите која стави силикони во усните и градите, ги оперираше јагодиците и носот.

Слоба го сакаше со целото срце, му подари внуче и остана со него до крајот.

-Тој е веројатно енајдобриот човек кој сум го запознала. Тој е псоебна личност. Таков веќе нема да се роди-изјавила Милица за време на една посета на својот свекор во Хаг, каде го носела и детето со себе.

Милица денеска живее во Пожаревац, далеку од очите на јавноста и без поддршка на семејството кое со години ја уништуваше Србија. Марко со мајка му Мира е во Русија, каде живее со друга жена, а нема намера да се враќа во Србија.

Со Милица се слуша одвреме, навреме заради синот, а таа пак воопшто не личи на онаа умислена Милица, Живее нормален и приземен живот со својот син.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top