| четврток, 6 декември 2018 |

Во Тетово излезеноста на граѓаните до 17 часот 39,28 проценти

Според податоците од општинските изборни комисии излезеноста на гласачите до 17 часот е 39,28 отсто.

Во општина Боговиње, пак, на локалните избори гласале 34,27 отсто, во општина Брвеница излезноста е 38,79, во општина Желино 32, во општина Јегуновце 39 и во општина Теарце 36,88 отсто.

Според ОИК, мирно и без проблеми минуваат и попладневните часови од денешниот изборен ден во Тетово и тетовско.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top