| четврток, 6 декември 2018 |

Гласач затекнал три празни гласачки ливчиња зад параванот

На гласачкото место 1376 во ОУ „Блаже Конески“ во Прилеп денеска гласач зад параванот каде што треба да гласа, затекнал 3 гласачки ливчиња со печат, на коишто сè уште никој не гласал.

„Веднаш интервенирав кај членовите на избирачкиот одбор, натаму не знам кој ќе биде исходот од овој случај“, вели Александар С. гласач од Прилеп, за радио Слободна Европа.

Случајот веднаш бил пријавен и во Општинската изборна комисија, којашто изврши увид на ова избирачко место, каде што имаше прекин на гласањето.

„На терен сум, работиме на расчистување на случајот“, изјави за Радио Слободна Европа, Каролина Шукуроска, претседател на ОИК за Прилеп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top