| четврток, 6 декември 2018 |

Почина познат охридски бизнисмен

По тешко боледување, утрово на 68- годишна возраст, почина Ружди Муфти, познат охриѓанец, стопанственик, туристички работник, неизоставен дел од охридскиот еснаф.

Во изминатите години Муфти ја вршеше и функцијата потпретседател на Регионалната комора во Охрид, прв човек на Ротари клуб Охрид, претседател на кластерот за туризам „ Еден “, главен „виновник“ за бројни воспоставени контакти во стопанството и туризмот меѓу Македонија и Турција.

Погребната поворка од домот ќе тргне во 14 часот, а погребот ќе се изврши на охридските градски гробишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top