| четврток, 6 декември 2018 |

До 13 часот во Ранковце излезеноста е 42.3 отсто

Излезеноста на гласачите во општина Ранковце изнесува 42.3 отсто.

-Излезноста на гласачи во општината е исклучително висока. До 13 часот гласаа дури 42.3 отсто од вкупниот број гласачи, информира петседателот на ОИК Ранковце, Даниел Крстевски.

На вкупно 17 избирачки места во општината денес ќе гласаат 3094 граѓани.

Во Крива Паланка излезноста е 40.5 отсто, а се гласа на 47 избирачки места.Право на глас имаат вкупно 17.144 граѓани.

Марија Петковска,претседател на ОИК Кратово информира дека до 13 часот во општината гласале 37.5 отсто од вкупно 8282 гласачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top