| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Прекршување на изборниот молк, притисок и поткуп на гласачи и навредлив пропаганден материјал

Во неколку населени места вчера бил прекршен изборниот молк и биле евидентирани повеќе случаи на притисок и поткуп врз гласачи од членови на политички партии, како и делење флаери со навредлива содржина за кандидати за градоначалник, а жител на Огњанци на бандера поставувал плакати од кандидати за локалните избори.

Според соопштението од МВР, вчера во 17.05 часот, Б.Х. пријавил дека во „Здружението на глуви“, кое е лоцирано кај „Арапска куќа“, дошле членови од една политичка партија и на членовите од здружението им вршеле притисок дека доколку не гласаат за нивната партија, ќе им ги скратат паричните средства кои се префрлаат на сметката на здружението, а исто така им вршеле други притисоци. Меѓу присутните лица била и Ш.Ш., која е член на здружението на глуви лица.

На 13/14 октомври година во текот на ноќта во Битола во штаб на политичка партија, непознат сторител со тврд предмет скршил стакло и украл телевизор. Истата ноќ. од 22 до 07 часот во Скопје, во трговскиот центар „Лисиче“, во штаб на политичка партија е искршено стаклото од влезната врата.

Вчера во 21.03 часот, Д.К. пријавил дека околу 15 часот во село Петровец, маж кинел плакати на политичка партија. Во 15 часот Д.К.(38) пријавил дека околу 12.30 часот додека се наоѓал во село Огњанци, го затекнал Б.С.(34) од Огњанци, како поставува плакати од политичка партија на бандера пред неговата куќа по што Д.К. изреволтиран од настанот бидејќи е предизборен молк, случајот го пријавил на 192.  Вчера доставена е писмена пријава дека С.П. од село Стајковци извршил прекршување на изборниот молк со делење на флаери со навредлива содржина против еден од кандидатите за градоначалник на Општина Гази Баба.  Вчера, додека ѕтраел изборниот молк, Б.А.(46) од село Сушево пријави дека се сомнева дека лице од село Добрашинци попладнето истиот ден извршило поткуп на гласачи односно на две лица од село Сушево. Како доказ во прилог на пријавата приложени биле две фотографии во електронска форма. Жители на селото признале дека И.Ц. од село Добрашинци со бело комбе им донел картонска кутија со прехранбени продукти и вреќа брашно од 25 килограми.  Кандидат за градоначалник на Пробиштип за време на предизборниот молк во една конфекција оставил пропаганден материјал кој потоа бил делен на вработените.

Во Секторот за внатрешни работи Битола, Г.А.(24) синоќа пријавил дека во 20 часот во неговиот дом во село Мусинци, Б.Р. од Могила му дал 1000 денари со намера да го придобие како да го врши избирачкото право, односно како да гласа за кандидат за градоначалник. Од страна на полициски службеник лицата се повикани, извршен е разговор и од Г.А. со потврда е одземена една банкнота во апоен од 1000 денари. За настанот е информиран јавен обвинител.  И во Струмица е пријавено прекршиување на изборниот молк.  Т.К.(32) од Богданци, пријави повреда на избирачко право на гласачкото место број 0376/1 во Богданци. При гласање на М.Џ.(84) од Богданци која била пријавена за гласање како болно лице, изјавила дека не знаела кој ја пријавил за гласање како болно лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top