| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени две лица поради тепачка за време на натпреварот меѓу ФК Вардар и ФК Шкендија

Приведени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка за време на вчерашниот фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Шкендија на Арената Филип Втори во Скопје.

Како што информира МВР, вчера во 15.00 часот Б.М.(18) и К.Х.(19) на Арената Филип Втори си задале по неколку удари во пределот на лицето и телото.

Од страна на полициски службеник лицата се приведени во полициска станица и направени им се записници за констатиран прекршок по член 3 став 1/7 од Законот за спречување на насилство и недолично однесување на спортски натпревари и издадени им се платни налози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top