| четврток, 6 декември 2018 |

Анален секс, орален секс… цените за улога во филм: Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет

Случајот на Харви Вајнстајн (Harwey Weinstein) фрли црна точка на Холивуд, но секс скандалите во филмскиот бизнис се далеку од нешто ново.

-Му реков да запре и се обидов да го турнам. Бев преплашена, а тој беше огромен. Беше тоа ноќен кошмар. Не се согласив на тоа. Почнав да глумам дека уживам колку да сврши што поскоро. Денеска се чувствувам виновно затоа што не се обидов со сета своја сила да го тргнам од себе, изјави италијанската актерка и режисер Асиа Аргенто (Asia Argentno), еден од сведоците вклучени во неодамнешниот скандал кој ја тресе американската забавна индустрија.

Против познатиот продуцент и извршен директор на компанијата The Weinstein Company, Harvi Vajnstajn (Harvey Weinstein), станале голем број актерки, отворено признавајќи дека тој сексуално ги злоставувал, но и уценувал за улога.

– Ме турна и ми рече да молчам. Ги соблече панталоните и гаќите, и почна да мастурбира. Брзо ја заврши работата, а сврши во саксија со цвеќе – призна новинарка на локалната њујоршка телевизија, Лорен Сиван (Lauren Sivan).

Во исто време, актерка Ешли Џуд (Ashley Judd) откри како неговото однесување е отворена тајна во Hollywood за кое жените со години раскажуваат. Но, ова со сигурно не е прв, а тешко и дека ќе биде последен случај на сексуална изнуда и уцена во шоу бизнисот.

Поради повреда од силување починала

Во првиот познат случај, комичарот Rosko (Roscoe) “Fatty” Arbuckle бил на забава со дивеење и разврат која завршил со смрт на актерката Virginie Rappe 1921. Плачејќи во болка од рутираниот мочен меур, таа пред гостите го обвини за силување. Кога неколку дена по инцидентот починала, Fatty беше обвинет за убиство. Но, по три судења и последователни жалби – беше ослободен. Експертите тврдат дека самиот сексуален чин кој завршил со такви рани и смрт е резултат на силување, но се извлекол – пред се благодарение на неговите врски и углед.

Искинат фустан

Актерот Ерол Флин (Errol Flynn) две години бил во врска со Беверли Адланд (Beverley Aadland), кога имала само 15 години. Во времето на аферата Флин веќе бил обвинет, но не и осуден, за две силувања на малолетни лица во 1942 година. – Тој беше просто премногу силен за мене. Плачев. Во еден момент ми ја искина облеката. Потоа ме однесе во друга соба, а јас уште плачев. Низ глава постојано ми поминуваше “што ќе каже мајка ми” – рече Aдланд за почетокот на нивното познанство, признавајќи дека со него во врска завршила од страв.

Џоан Колинс за одбивање секс не ја доби улога во Клеопатра

– Бев на аудиција за Клеопатра на два пати, и беше веројатно дека ќе ја добијам. Шефот на студиото ме одведе во канцеларија и ми рече: “Дали навистина ја сакаш таа улога?”. Му реков дека ја сакам со целото мое срце, а тој ми нагласи дека се што треба да направам е да “бидам добра кон него.” Во текот на 60-тите тоа беше стандарден еуфемизам за секс, но јас едноставно не можамтоа да го направам. Истрчав надвор од канцеларијата со солзи во очите, а улогата ѝ отиде на Елизабет Тејлор, изјави Колинс.

Ниту педофилијата не е ништо ново во шоу-бизнисот

Во своите мемоари, детето ѕвезда, познатата актерка Ширли Темпл (Shirley Temple) открива дека пред неа, познатиот МГМ проуцент познат по “авантуристичкиот кауч за кастинг” на кој тој ги делел улогите врз основа на тоа дали се за орален, анален или класичен секс, ги раскопчал панталоните. Тој мавтал пред неа со својот пенис, а мала глумица незапознаена со машката анатомија, реагирала со нервозно смеење, и тој ја исфрлил надвор од својата канцеларија незадоволен од реакцијата. За нејзина среќа, таа веќе го потпишала договорот со МГМ. Ова се случило 1940 година, кога Ширли имала само 12 години.

“Преполнетиот бордел”

Мерлин Монро (Marilyn Monro) била добро запознаена со перверзните и изнудувачите во филмската индустрија. Во своите мемоари, “My Story”, напишала, “Јас сите ги запознав. Сите биле сами лажни и безвредни соработници. Некои од нив биле лоши и зли, но тие биле најблиску до филмот до кои можевте да се доближите. Затоа седев со нив, слушајќи ги нивните лаги и неморални понуди. Во нивните очи можевте да го видите Холивуд – преполн бордел, весело друштво и паѓање во сечиј кревет.”

Допирана со години

Џуди Гарланд (Judy Garland) во кревет сакале да ја одвлечат бројни студиски глаучи од тогашниот најсилен МГМ кога таа имала од 16 до 20 години. Тоа, во својата книга “Get Happy: The Life of Judy Garland” го опишала најлошиот од сите – Луис Маер (Louis B. Mayer), по тоа што се покажувал како мил и поразличен од обичните перверзници. – Маер ќе ви кажал колку прекрасно пеете, би кажал дека пеете од срце, а потоа би ви ја ставил левата рака на градите, и добро би ги испипкал. Тој имаше 50, а јас 16 години – напишала таа.

Силувач

Режисерот Роман Полански (Roman Polanski) се изјаснил за виновен за сексуален напад и принуден сексуален однос со Саманта Гејмер (Samantha Geimer), тогаш 13-годишната актерка во подем. Целата работа се случувала за време на фотосесијата во Лос Анџелес, во обид да ја опие со шампањ. “Не сакав да имам секс со него, но очигледно е тоа што тој одредил дека тоа мора да се случи”, напишала таа во нејзините мемоари, “The Girl”.

Полански побегнал од САД пред да биде изречена пресудата и уште ја чека затворската казна, а оттогаш се соочил со дополнителни обвиненија за силување.

Таткото на Америка – далеку од невиност

Познатиот американски комичар Бил Козби (Bill Cosby) во своето сведоштво од 2005 година признал дека секој ден носел девојки во неговото студио за да ги наведува на секс. Комичарот објаснил дека имал агенција која шест пати неделно му носела девојки во телевизиското студио, од кои најмалку една имала 17 години. Новинската агенција АП, исто така, открила дека Козби изјавил дека би ги “почестил со добар оброк”, откако ќе ги надрогирал и ги терал на сексуални услуги. Козби, исто така, признал дека девојките ги потплатувал преку своите агенти, за да сопругата не открие дека ја мамел. На комичарот повеќе од 60 жени му поднеле тужба за сексуално злоставување.

Си се намерачил на погрешна девојка

Шарлиз Терон (Charlize Theron) била нова во Hollywood, но знаела на што треба да се обрне внимание кога оди на аудиција.

– Ми беше необично кога ме повикаа на аудиција во сабота навечер во една куќа во Лос Анџелес, но си помислив дека тоа е можеби и нормално за Америка – изјавила за списанието „Мари Клер“ (Marie Claire). Кога ѝ понудиле пијалак, таа заклучила дека актерската работа тука е сосема опуштена, но наскоро сфатила каде сето тоа води.

– Станав и бев многу решителна. Му реков “нема шанси, тоа нема да се случи. Си се намерачил на погрешна девојка”, но таа не откри за кој се работи.

Оскаровец

Две жени кои работеле на филмот на Кејси Афлек (Casey Affleck) “I’m still here” покренале обвинение за сексуална злоупотреба од негова страна, во 2010 година. Една од нив го обвинила дека ѝ се вовлекол во кревет без нејзина согласност и тоа додека таа спиела, додека другата открила дека ја принудувал да остане со него во хотелска соба и грубо ја набивал додека одбивала. И двете направиле нагодба, а тој го освои Оскар за главната улога во Manchester by the sea.

Ова се само некои од познатите приказни од Холивуд, но прашање е колку многу повеќе од ова се случувало, колку секс е изнудено, а злоставувањата премолчувани од навидум блескавиот и идиличниот свет на филмот.

 

извор: кукурику.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top