| четврток, 6 декември 2018 |

Следете го текот на гласањето во живо: Според ДИК излезноста до 10 часот е 8,98 отсто

Излезноста до 10 часот според податоците добиени од општинските изборни комисии (ОИК) на територијата на Македонија е 8,98 проценти, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска.

По општини најмала излезеност е забележана во Врапчиште 3,51 процент, а најголема во Демир Капија од 19,15 проценти.

До 10 часот гласале околу 10% скопјани: Излезноста во скопските општини (ФОТО)

 

На територија на Град Скопје излезеноста изнесува 9,56 проценти.

По општини излезеноста во општина Аеродром е 10,62 проценти, во Бутел 10,61 процент, во Гази Баба 11.01 процент, во Ѓорче Петров 11,53, во Карпош 10,99 проценти, во Кисела Вода 10,22 проценти, а во Чаир 5,76 проценти, во Сарај 6,87 проценти, во Центар 9,96 и во Шуто Оризари 7,79 проценти.

– На сите 3.480 избирачки места гласањето е започнато и тече без неправилности. На некои места има доцнење од најмногу половина час од причина што избирачките одбори работеле на отстранување на пропаганден материјал, рече Гугучевска.

Таа нагласи дека ДИК има воспоставено кол-центар кој е во постојана комуникација со сите ОИК. Досега нема податоци за инциденти на избирачки места.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја одржи во 14:00 часот.

ДИК воспостави кол центар со ОИК и сите помали телхнички проблеми се решаваат

Претходно денеска и граѓанското здружение Цивил- центар за слобода, на прес конференција соопшти дека регистрирале мирен почеток на изборниот ден, меѓутоа исполнет со низа технички проблеми со кои се соочуваат избирачките одбори, што е недостиг на добра подготвеност досега: ливчињата не се добро перфорирани и избирачкиот одбор мора да ги сече со ножици за да им ги дава на гласачите, УВ ламбите не работат во повеќе од 20 избирачки места, папки за слепи лица нема на сите избирачки места, гласачките паравани, како и кутиите за гласање за лица со попреченост се поставени несоодветно и се непристапни, во две општини  функционери на одредена партија ги евидентираат гласачите кои доаѓаат за потоа со очигледна намера да се продолжи со мобилизација и притисок, што, како што појасни, е кршење на изборниот молк.

Излезноста до 10 часот по општини на следниот линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top