Шахистите на Алкалоид го oсвоија сребрениот медал на најпрестижното шаховско клупско натпреварување во Европа. Тие минатата година во Нов Сад ја освоија шампионската титула.
Годинашниот настап во Анталија, тимот на Алкалоид го заврши како второ рангиран зад шампионот Глобус од Русија.
Во последното коло шахистите на Алкалоид забележаа победа со 4-1 против романската екипа Баја Мара, додека екипата на Глобус беше подобра со 4,5-1,5 од Легаси Капитал.
Русите со 12 бода го освоија првото место и европската шампионска титула, додека Алкалоид на крајот собра 11 бода, колку што имаше и трето пласираниот тим на Одлар Јурду од Азаербејџан, кој поради послаб број на индивидуални поени од македонската екипа мораше да се задоволи со третото место.
Вториот македонски претставник на турнирот, екипата на Гамбит Асеко беше поразн во последното коло со 2-4 од израелската Бер Шева, па Гамбит со седум бода на крајот заврши на делба на 17.место од вкупно 36 екипи колку што учествуваа на Купот во Анталија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо