| четврток, 6 декември 2018 |

Гласачките места во општина Аеродром отворени навреме

Во мирна атмосфера започна гласањето на шестите локални избори во земјава. Поголема излезност на граѓаните да го искористат своето право на глас се очекува попладне. Според  избирачкиот одбор во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром гласањето започнало навреме и без проблеми.
Право на глас имаат 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список, а гласање во првиот круг има на 3480 избирачки места. Граѓаните избираат градоначалници и советници во 80 општини и градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top