Владата на Исланд ѝ нанесе тежок удар на Европската унија откако премиерот Браги Свеинсон во Брисел објави дека оваа земја не сака да стане дел од ЕУ.
– Така функционира демократијата – изјави исландскиот премиер за време на неговата прва посета на европскиот континент, три недели откако Исланд по изборите ја формираше новата влада.
Двете партии во коалиционата влада беа дел од кампањата против членство на Исланд во ЕУ и затоа тој пристигнал во Брисел да информира дека членството во Унијата е замрзнато.
– Ние сме дел од Европа и сакаме да ги засилиме релациите со ЕУ на други начини – изјави Свеинсон на прес-конференцијата со еврокомесарот Штефан Филе, кој призна дека одлуката на Исланд ја доживува како личен неуспех, пренесува „Еуобсервер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.