| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Тие нудат празни зборови, ние нудиме работа! Тие уништуваат, ние градиме

Јасно е дека денот по утрото се познава, и дека од овие луѓе ништо добро не може да се очекува за државата и граѓаните. Тие немаат проекти како нашите, тие немаат визија, соништа и капацитет за да го реализираат сето тоа. Не само што се неспособни за да ги остварат ветувањата кои ги даваат, туку и со нивната неспособност ги прават работите уште полоши. Тие не знаат како да ја водат економијата и општините. Единствено нешто што го знаат е како да оцрнуваат и лажат. Тие нудат празни зборови, ние нудиме работа! Тие уништуваат, ние градиме. Затоа што ние сме ВМРО. Ние создаваме, ние успеваме,  ние го исполнуваме она пто ви го зборуваме и ветуваме. Коалицијата за подобра Македонија работи, гради, решава проблеми и унапредува! – порача Никола Груевски на насобраните на вечерашниот завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ што се оддржа во Скопје.

Тој додаде дека нивна цел е да обезбедат услуги за секој граѓанин од земјата на нивото на стандардот кој го имаат граѓаните во развиените земји.

-Нашите деца да добиваат подобро образование, нашата младина да има повеќе работни места, нашите работници да имаат повисоки приходи, нашите пензионери да добиваат подобри социјални и здравствени услуги. Нашата цел е влез во ЕУ и НАТО, држава на среќни и горди граѓани. ЕУ и Нато како реална цел. Повисоки примања, и повисок стандард во сите области. Во тоа светло, ги подготвивме нашите студии и планови. Ги поставивме и нашите цели во оваа насока. Не само што победуваме на овие избори, туку и мислиме однапред и ни се приоритет генерациите кои допрва доаѓаат. Размислуваме 10 години однапред. 20 години однапред. Имаме и соништа и визија и храброст и љубов и верба и одлучност. Тоа е главната разлика и квалитет меѓу нас и останатите – додаде Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top