Куманово за сите овие 26 години под менаџирање на СДСМ од многу висока позиција дојде да биде лидер во негатива, изјави за ТВ Нова кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека тоа значи да во овој момент Куманово е град со највисока стапка на невработеност.
-Имаме околу 10,800 активни активни баратели и 19,600 пасивни баратели на работа. Куманово доминира во Република Македонија по загадувањето, исто и е лидер по сообраќаен метеж, јас на ова гледам дека Куманово е лидер во негативна во сите мерни работи кои се мерат во ова наше општество, смета Ѓорѓиевски.
-Заради тоа во програмата со која настапуваме за наредниот период од четири години главните столбови се усмерени на решавање на проблемот со невработеноста, со загаденоста, сообраќајниот метеж и со другите инфраструктурни работи кои го мачат Куманово, истакна Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.