| четврток, 6 декември 2018 |

Мусака од модри патлиџани

Состојки:

500 грама мешано мелено месо (300 грама телешко и 200 грама свинско)

2 поголеми модри патлиџани

1 зелена пиперка

2 домати

1 кромид

неколку чешниња лук

магдонос

сол, бибер

4 јајца

Кисело млеко

Брашно

Презли

Масло за јадење

 

Подготовка:

Модрите патлиџани се лупат и се сечат на тенки листови. Потоа се посоловуваат и се редат во еден сад. Парчињата се редат едно врз друго и така се оставаат да отстојат еден час, додека не пуштат вода.

Додека патлиџаните отстојуваат во садот се подготвува филот. Прво во тава се загрева масло за јадење и се додава кромидот. Кога тој ќе омекне, се додава месото. Се посолува и се додава црн пипер. Кога е месото при крај, се додаваат пиперката и доматите претходно ситно исецкани. На крај, во филот се додава лукот и магдоносот. Кога е готово, тавата во која се готвеше месото се трга од оган.

Откако модриот патлиџан ќе отстои во садот еден час, се цеди од водата. Парчињата, едно по едно се валкаат прво во брашно, па во изматено јајце и на крај во лебни трошки. Потоа се пржат на врел зејтин. Откако ќе се испржат, се редат во тава, која претходно е намачкана со масло за јадење. Откако дното на тавата е наредено со испржените модри парлиџани, се реди испрженото мелено месо. Постапката се повторува се додека не се потроши месото. На крајот се покрива со еден ред испржени модри патлиџани. Откако ќе се наредат модрите патлиџани и месото, се матат две или три јајца и во нив се додава кисело млеко или јогурт. Оваа смеса на крајот се полева во тавата. Мусаката се пече во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top