| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК најави три прес-конференции на денот на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) најави дека в недела, на денот на локалните избори ќе одржи три прес-конференции, во 11:00, во 14:00 и во 18:00 часот.
На прес-конференциите ќе бидат објавувани информации за излезноста и за текот на гласањето до 10:00, до 13:00 и до 17:00 часот. Пресовите ќе бидат отворени за домашните медиуми, домашните и странските акредитирани набљудувачи, странските акредитирани новинари, како и за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати.
По затворањето на избирачките места во 19:00 часот, ДИК тековно ќе ги објавува првичните неофицијални резултати од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top