Исто како и кафето, црниот чај може да ја задоволи вашата потреба за кофеин наутро, а воедно да влијае и на метаболизмот и да го поттикне слабеењето.
Поради високиот процент на кофеин, црниот чај е идеален напиток за будење и за подигнување на енергијата наутро.
Тој може да послужи како замена за кафе, а не треба да се занемари и неговото вкупно влијание на организмот.
Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија докажале дека црниот чај може да произведе здрава бактерија во цревата и да го поттикне метаболизмот на подобро.
– Црниот чај ја поттикнува работата на микробиомите, односно мигроорганизмите во метаболизмот кои го подобруваат здравјето и ја намалуваат телесната тежина. За љубителите на црниот чај ова е само уште една причина плус зошто треба да продолжат со својата добра навика – изјави докторката Заопинг Ли, водителката на Центарот за човечката исхрана на Универзитетот Калифорнија.
Освен што црниот чај се пие во комбинација со млеко, многу нутриционисти советуваат да се зачини со лимон. Во комбинацијата со витамин Ц, тоа ќе има уште поголемо влијание на метаболизмот.
Дневно треба да се напиеме една до две шолји чај. Трудниците, како и луѓето кои се чувствителни на кофеин треба да бидат внимателни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст