Како и за многу други работи, Зоран Заев после изборите ја промени политиката и за земјоделците. Откако се смести на главното столче во Владата, Заев, кој претходно ја разбираше маката на земјоделците, одеднаш ја заборави и во целост ги запостави нив и нивните субвенции.
Тој, отворено изјави дека на земјоделци треба да им се каже дека нема да им бидат даден субвенции.
-Има работи на кои мора да се насочиме и однапред да им кажеме на луѓето- ќе добиеш субвенција ако го зголемиш производството за 10%. Треба да им кажеме дека оваа година немаш бе брат субвенции, оти си на исти обем на производство од лани, истакна Заев на 16.09.2017.
Само за потсетување- за да придобие гласови, Заев на земјоделците во предизборието им се претстави како човек кој ја разбира нивната мака.
-Вие сте мојот народ, а јас имам работено земјоделие и ја знам земјоделската мака, истакна Заев пред изборите на 28.11.2016.
Како и многу пати до сега, така и овој пат, Зоран Заев ги излажа граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст