| четврток, 6 декември 2018 |

Југохром нема да се рестартира, потпишале само меморандум за соработка

Еден од најголемите загадувачи во тетовско, фабриката „Југохром“ од Јегуновце нема да се рестартира, потпишан е само меморандум за соработка. Најавите на Владата предводена од Зоран Заев, дека комбинатот Југохром, повторно ќе почне со работа, според многумина се само предизборни манипулации со граѓаните. Претставници на владата и вработените во комбинатот потпишаа само меморандумот за соработка, додека пак засегнатите очекуваа Југохром да се рестартира.
На три дена пред локалните избори Владата и „Југохром“ потпишаа договор дека на оџаците на тетовската фабрика конечно ќе бидат вградени филтри. Прашањето на „Југохром“ ги засега сите во полошкиот регион, граѓаните, вработените во фабриката, раководството и газдите, па затоа се отвора прашањето дали овој договор не можеше да почека барем за понеделник. Во изборните програми, сите кандидати бараат решенија токму за металуршкиот комбинат, односно за загадувањето на воздухот во Тетово и регионот, коментираат медиумите.

„Југохром“ останува под клуч нема да работи ниту еден ден без филтри, гарантираат од компанијата. Систем за отпрашување на сите печки го чини металуршкиот комбинат 12 милиони евра.

Од синдикатот на компанијата очекуваат што поскоро работниците да се вратат на работа бидејќи тие се дома речиси цела година, а фабриката е под клуч. Од „Еко герила“ порачаа владата јавно да го објави договорот што го потпишаа со комбинатот и бараат гаранција дека фабриката нема да работи без филтрите.

Инаку на неколку пати Југохром го прекршуваше рокот за местење на филтри по што во прашање им беше доведена интегрираната дозвола за работа, потребна на еден ваков индустриски гигант.

Инкау, околу 800 вработени на комбинатот останаа на улица откако „Југохром“ целосно го запре производството на 2 ноември минатата година. Раководството на комбинатот одлучи да ја спроведе одлуката на Испекторатот за животна средина за затворање на фабриката поради непочитување на крајниот рок за изградба на филтер станица кој истече на 30 октомври 2016 година.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи заедно со неколку невладини организации на Сорос бараше затворање на фабриката Југохром, со тврдење дека таа го загадува градот и ги труе тетовчани. Под тој притисок Југохром се затвори и работниците, Македонци и Албанци, останаа без работа, а нивните семејства без приходи.

Сепак неговото затворање не придонесе за намалување на аерозагадувањето, иако комбинатот на протестите против загадениот воздух, беше често посочуван како еден од најголемите загадувачи на воздухот во Полошкиот регион.

И еколошките здруженија реагираа на најавите на Заев, дека комбинатот Југохром во Јегуновце, ќе почне повторно со работа. Ова се велат, обични предизборни манипулации со граѓаните. Поставувањето филтри, што е и услов за рестартирање на Југихром, е процес кој бара време и невозможно е да биде готов на пролет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top