Продуцентската компанија што снима докумантарен филм за песната „Happy birthday to you“ (Среќен роденден) поднесе тужба во судот во Њујорк со барање за укинување на авторските права на оваа позната мелодија, пишува „Асошиејтед прес“.
Во моментов авторски права на мелодијата, којашто според Гинисовата книга на рекордите е најпопуларна песна на англиски јазик, се во сопственост на компанијата „Warner/Chappell Music Inc.“
Продуцентите на филмот, компанијата „Good Morning To You Productions Corp.“, одлучиле да се обратат до судот откако под судска закана од компанијата се бара да плати 1.500 долари за користење на песната.
Во барањето се наведува дека песната била напишана уште во 1893 година и авторските права на неа веќе подолго време се истечени. Според барателите, всушност компанијата „Warner/Chappell Music Inc” поседува права само за пијано аранжманот на песната, кој бил направен во 1935 година и нема право да наплаќа авторски хонорари за искористување на текстот или мелодијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст