Тутунскиот комбинат е подготвен во престојната откупна реколта да откупи околу 2 милиони и 650 илјади килограми тутун, а средствата за исплата се веќе обезбедени, така што откупот може да започне на 15-ти ноември, информираше денеска првиот човек на Комбинатот, Кирил Станкоски.
Станкоски, исто така, ги презентираше и податоците добиени од внатрешната ревизија на досегашното работење на Комбинатот од 2007-ма година до денес, при што, бил констатиран долг од 1.270.000.000 денари.
Во моментов, во Комбинатот се вработени 422 работници. Новото раководство најави и нови вработувања со цел поместување на старосната граница која сега е прилично висока, како и обезбедување на постручни кадри, што е препорака и на деловниот партнер “Филип Морис”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст