Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг кој Коалицијата „За подобра Македонија“ го одржа во скопски Аеродром истакна дека има уште само неколку дена до изборите на 15 октомври. Груевски пред присутните граѓани истакна дека нивната одлука е многу важна и од нив ќе зависи каква иднина ќе има Македонија.
–Ние ја даваме нашата можност за да направиме и да создадеме нешто за нашата држава. Нашата љубов е заедничка со нашиот народ и нашата земја. Ние сме партија на граѓаните и ние сме гаранција за силна и стабилна Македонија. Нашата задача се создавање на дела, нудење на решенија, наместо празни зборови. Создаваме и никогаш не се откажуваме, затоа што патот мора да се изоди, идејата мора да се живее. Секој чекор направен остава трага, се додека постоиме ќе работиме за подобра сегашност и иднина, за подобро утре и за напредок. Нашите срца чукаат со срцата на илјадници граѓани кои знаат дека може подобро и поинаку. Не се гази нешто што е со труд создадено. Не се урива тоа што е со мака изградено. Работевме напорно младите да добија подобро образование со намалена партиципација, за пензионерите да живеат поспокојни и посреќни пензионерски денови и да имаат повисоки пензии. Работевме напорно за поквалитетно и подостапно здравство, луѓето да добијат работа, секојдневно се боревме за посилна економија, повисок стандард и подобар живот за сите во Македонија, нагласи Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека она што се случи во последните пет месеци во Македонија, како што рече, е вистинско помрачување кое длабоко навлегува во секој сегмент.
–Имаме преполовени капитални инвестиции. Индустрија која оди надоле, градежништво кое тоне. Странски инвеститори кои планираат да си заминат, а нови нема.Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат. Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци за кои се најави дека следната година доколку немаат поголем придонес споредено со претходната дека нема да ги добијат.Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваа евтина струја, ама никаде ја нема, лицемерие. Тука воздухот не чини, а во Центар молчат, класично лицемерие, вели Груевски.
Груевски ги повика граѓаните да се ослободат од помрачувањето и да ја пуштат светлината во Македонија на 15-ти октомври.
–Тие повикуваат дека 15-ти е крајот. Јас ќе им порачам дека 15 октомври е почетокот на новата ера, на новиот напредок на доаѓањето на светлината во Македонија, нагласи Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст