На водителката Миа Костова ѝ го кренале автомобилот во воздух! Пред четири седмици околу 2 часот по полноќ на паркингот пред нејзината зграда непознати сторители и го полеале автомобилот со бензин и го запалиле, а истрагата се уште е во тек.
–Да, точно е дека ми го запалија автомобилот. Истрагата уште е во тек, нема осомничени, полицијата работи на случајот, но дури и се претпоставува дека можеби мојот автомобил е запален по грешка со оглед на тоа што на мојот паркинг има уште два исти автомобили како мојот, па најверојатно наместо некој од нив, по грешка мојот го потуриле со бензин. Вака размислува полицијата затоа што за вакво нешто да ми направи некој на мене, апсолутно нема никаков мотив, ниту сум должела на некој, ниту пак сум згрешила. Има многу комбинации во игра, има и снимки од надзорни камери, но сторителите уште не се откриени, откри Миа која и после еден месец од овој немил настан се уште е во шок.
Извор: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.