| четврток, 6 декември 2018 |

До која година на жените им растат градите?

Големината на градите постојано се менува, а може да варира и до еден број на градниците. На промена на големината на градите влијае и месечниот циклус.

За време на бременост градите може да пораснат и до неколку броеви, а ткивото може да се рашири, така што има случаи кога градите не можат да се вратат во првобитната состојба.

Кај најголем број жени, градите се развиваат три до четири години по првата менструација, а процесот на раст завршува прилично рано.

Женските гради растат до доцните тинејџерски или раните дваесети години, но промените во нивната величина и облик се случуваат во текот на целиот живот и се поврзани со промената во ткивото на градите. На тие промени влијаат хормоните, бременост, доење, дебелеење или слабеење, менопауза и слично.

И доењто го зема својот данок и го менува изгледот на дојките.

Генетиката игра најголема улога во големината и обликот на женските гради.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top