Денеска ја потпишав изјавата со која се обврзувам за заштита на воздухот во Скопје, на барање на поголем број на здруженија. Јас како градоначалник сум единствениот во Македонија кој што сам постави мерен инструмент во 2011 година и го отворив прашањето за каков воздух дишеме, напиша кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски на својот Фејсбук профил.
-Во мојата програма предвидувам многу проекти со кои директно ќе влијаеме на состојбата на воздухот, како што се ново паркови и зеленило, електрични автобуси за ЈСП, субвенции за нови возила за приватните превозници и електрични такси-возила, субвенции за проширување на топловодната мрежа за греење на домовите и печки на пелети, субвенции за 10000 велосипеди за граѓаните и велосипедска инфраструктура… Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст