Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија-Баланс МК и други здруженија на дијабетичари бараат од Агенцијата за лекови на РМ итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола на квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините, со оглед на, како што велат, зачестената појава на нивна „нефункционалност“ во изминативе три години.
Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.
Од Агенцијата за лекови се бара и проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период, што, како што се посочува во соопштението од БАЛАНС.МК (пет години според законските прописи и регулативи).
Од БАЛАНС МК бараат итни одговори за овие прашања, кои, како што велат го тангираат здравјето и животот на над 40.000 инсулин зависни граѓани на Република Македонија меѓу кои 450 се ДЕЦА. Секое одлоговлекување, релативизирање и слични видови аргументација, сметаат од БАЛАНС МК ќе бидат повеќе од јасен одговор, по кој ќе бараат морална и кривична одговорност
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст