| четврток, 6 декември 2018 |

Симптоми кои алармираат за ризик од појава на рак на јајниците

Ова заболување најчесто се појавува кај жените по педесеттите години од животот и често времето на неговото појавување се поврзува со започнувањето на менопаузата. Но за жал, се почести се случите кога ова малигно заболување е дијагностицирано и кај помладата полулација.

Многу од почетните симптоми кои укажуваат на можно постоење на ова малигно заболување во телото на жената се чести и при други здравствени проблеми кои не се алармантни, затоа не паничете веднаш туку направете преглед со кој ќе ја исклучите можноста.

Не е алармантно ако се појави било кој од долунаведените симптоми. Алармантно е доколку тие симптоми постепено се влошуваат или траат со иста јачина повеќе од една недела и не поминуваат.

Симптомите кои најчесто се забележуваат кај рак на јајниците се:

  • проширување на стомакот и постојано чувство на подуеност кое не поминува
  • често мокрење
  • болки во карличниот предел
  • крварење и во менопауза
  • губење на апетитот
  • ректално крварење
  • преобилни менструални крварења
  • менструални крварења кои покрај својата обилност траат подолго од вообичаеното
  • хроничен замор и изнемоштеност

Извор: мама365

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top