Мики и Светле Црнокрак деновиве одбележаа две децении од бракот. По тој повод сопружниците преку две интересни фотки кои ги објавија на “Фејсбук” се потсетија на нивните почетоци, односно на свадбата која се случила на 11 октомври во далечната 1997 година. Плод на нивната љубов се двете ќерки Моника и Нина, а Светле неодамна во едно интервју истакна дека уште кога првпат го здогледала Мики знаела дека ќе се омажи за него.
Со Мики се запознавме токму на модна ревија. Заедно работевме. Уште од самиот почеток на нашата љубов, најискрено си помагавме и си ги кажувавме своите недостатоци доколку ги имаше. Така функционираме и сега во однос на работата. Убаво е кога сме и двајцата во иста бранша и мислам дека кога едниот не би го работел истото (бидејќи оваа работа е специфична) можеби би имало повеќе проблеми. Жолтиот печат го прифативме како дел од нашата работа и мора да е присутен, но сепак во граници на нормалата. Меѓусебното разбирање, љубовта, почитта, толеранцијата се и двигатели на нашата долгогодишна љубов, а како плод на тоа се и нашите две принцези Моника и Нина, рече екс-манекенката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст