Физичарот, математичар, астроном, алхемичар и филозоф Сер Исак Њутн го прогнозирал крајот на светот, управуван од страна на религијата, а не од науката, пишува весникот „Дејли експрес“.
Ова е мислењето на кустосот кој ја подготвил изложбата во Еврејскиот универзитет во Ерусалим, вклучувајќи белешки на Њутн за крајот на светот.
„Овие документи откриваат дека научник, воден од религиозен занес во желбата да бидат разбрани божјите дејствија во светот“, вели кустосот Јемима Бен-Менахем.
До кој степен научникот бил опседнат од крајот на светот е меѓу темите и на документарен филм од 2003 година, насловен „Њутн: Мрачен еретик“, потсетува весникот.
Според Исак Њутн крај на светот ќе се случи во 2060 година-точно 1260 години по основањето на Светата Римска империја. Од забелешките на Њутн, кои датираат од 1704 година, станува јасно дека тој стигнал до апокалиптични заклучок, анализирајќи ја Книгата на пророкот Даниел. Над 300 години подоцна, сепак останува мистерија како точно научникот го направил овој заклучок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст