| четврток, 6 декември 2018 |

Функционален алкохоличар – проверете дали сте и вие

Со векови се градел позитивниот однос кон консумирањето алкохол и секогаш постои доволно добра причина или доволно добар ручек за да се „наздрави“, а алкохоличари се лица кои штом ќе станат од спиење, ќе натегнат ракија од шише, но психијатрите потсетиваат дека постојат и танви – функционални алкохоличари.

Тоа се социјално неупадливи луѓе кои функционираат задоволително и дома и на работа, а често и повеќе од задоволително. Непосредната околина не ги перцепира како алкохоличари, туку како луѓе кои сакаат да си пивнат.

Таквите луѓе пијат во одредени прогоди, но тогаш не знаат за доста. Има и такви кои секоја вечер редовно пијат по чаша-две вино. И едните и другите се функционални алкохоличари.

 

Функционалните алкохоличари обично ги извршуваат сите задачи без проблем иако се мамурни или полупијани, а најчесто одрекуваат дека пијат многу. Во стварноста три четвртини од алкохоличарите се функционални.

Американската писателка Керолајн Неп, поранешна алкохоличарка и авторка на бестселерот „Опивање – Љубовна приказна“ вели дека „пијани пропалитети и бездомници се само исклучоци“, а повеќето алкохоличари совршено функционираат во повеќето облици на својот живот, а алкохолизмот вешто го сокриваат и одбиваат да ги согледаат безбројте начини на кои погубно делува на нивниот живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top