Кандидатот за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, на денешниот празник е меѓу своите сограѓани.
Потенцира дека негов приоритет е подобрување на животот на граѓаните, па најави значаен проект од новата програма со која ја бара довербата на претстојните локални избори.
-Овој проект е важен не само за општина Битола, туку и за приградските населби. Тоа е дислокација на сточниот пазар и изградба на нов кванташки пазар за земјоделски производи. На тој начин, за дел од граѓаните кои живеат околу досегашниот сточен пазар тој дел ќе се пренамени и ќе се овозможи полесен пристап до тој пазар со домашните животни кои од селата се носат на пазарот. Исто така се отвора можност за размена на кванташкиот пазар за земјоделските производи кои нашите сограѓани ги произведуваат, рече Илиоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст