| четврток, 6 декември 2018 |

Концерти на Дамир Пух и Ерик Геилс во Скопје

Концертната агенција и продукција „3Гонга“ од Скопје во соработка со ноќниот клуб „Станица 26“ започнува со концертни настапи на звучни и препознатливи џез и блуз музичари не само од земјава, туку и светски етаблирани.

Вечерва, на 11 октомври со почеток во 22 часот настапува македонскиот гитарист, текстописец и продуцент Дамир Пух. Неговиот настап е наедно и концертна промоција на неговиот нов албум. Дамир учествуваше на гитарски мизички избор надвор од Македонија, каде во ранг на 450 гитаристи од цел свет беше избран во најдобрите 7, а потоа следеа многу први награди на други фестивали. Има одлично чувство за композиција. Така, неговиот албум кој ќе биде промовиран на 11 октомври е вистинско гитарско ремек дело.

Веднаш следната вечер на 12 октомври со почеток во 22 часот закажан е концертен настап на американскиот гитарски феномен Ерик Геилс, за кој светската критика симболично вели дека е музичка реинкарнација на Џими Хендрикс.

Зад новоформираната концертна агенција и продукција „3Гонга“ стојат тројца исклучителни и долгогодишни музикофили Александар Пејчиновски – Пејчи, Васја Ивановски и Здравко Ситновски – Ситна, подеднакво познати на скопската андерграунд и на меинстрим сцената.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top