| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мидлтон знае дека е следна, ќе заврши како Дајана-шокантни тврдења на нејзините пријатели

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон живее во страв дека „случајно“ ќе настрада во сообраќајна несреќа, открил еден семеен пријател.

Наводно кралицата Елизабета рекла дека Кејт ја исполнила својата мисија откако го родила второто дете,принцезата Шарлот.

Положбата ја обврзува војвотката да не смее ни да се пожали на пријателите,  а кога ќе истакне дека поради тоа и е тешко, добива одговор дека тоа го знаела и прифатила живот во кралското семејство, таков каков што е. Со оглед дека дека е традиционалист, Кејт сака се да направи како што треба, а за време на првата бременост почнала да сфаќа што всушност се бара од неа.

-Кејтината болничарка не изврши самоубиство-тврди изворот, мислејќи на Јасинта Салдана, сестра која работела во болницата Крајот Едврад VII, а трагично почина во 2012 година.

-Кејт и се отвори и и откри застрашувачки тајни. Била осамена и немала со кого да разговара со месеци. Медицинската сестра е убиена за да молчи и за Кејт да ја научи лекцијата. Сега не разговара со никого-рекол изворот.

Кејт го носи прстенот на принцезата Дајана, кој Вилијам го наследи по смртта на Дајана, но верува дека мора да го носи само за секогаш да знае дека е следна.

-Таа го мрази тој прстен, но мора да го носи. Тој ја потсетува дека може да заврши како Дајана-тврди изворот.

Се верува дека нејзните проблеми во бракот со Вилијам потекнуваат од тоа што не смее со него да ги сподели своите стравови, бидејќи принцот не сака да слуша ништо против својата баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top