На вечерашнава средба со жителите на Горно Лисиче имав можност да презентирам дел од бројните проекти што ги предвидовме во предизборната програма за Општина Аеродром, особено за оваа населба, вели Ивица Коневски кандидат за градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Еден од позначајните проекти е изградба на нов парк во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ што се наоѓа во срцето на Горно Лисиче, така што и оваа населба ќе добие не само ново катче за рекреација и релаксација за сите генерации, туку и модерен лик каков што доликува на секоја урбана општина. За хортикултурно и партерно уредување на просторот со поставување урбана опрема предвидовме 6 милиони денари, потенцира Коневски.
Тој додава дека освен паркот, другите проекти од изборната програма за Горно Лисиче се: Изградба на повеќенаменско игралиште лево од влезот на паркот Бановина (мал фудбал, кошарка и ракомет), изградба на кошаркарско игралиште (STREET BASKET) со соодветна подлога која ќе може да се користи на сите временски услови и ќе биде соодветно осветлено, со сите потребни реквизити неопходни за овој вид спортување. Локација во Горно Лисиче до фудбалскиот стадион, урбанизација на место викано Бановина во Горно Лисиче со 148 плацеви за проектот „КУПИ КУЌА ЗА МЛАДИ И КУЌА ЗА НАД 36“, осветлување на патот Горно – Долно Лисиче, бетонирање на Усјанскиот канал по цела дожина, реконструкција на улиците Тодор Чангов 20, 52 и 41 и Ѓорѓи Капчев 9 и 35, пробивање на Тодор Чангов 21 со Новопроектирана улица во Ново Лисиче, изградба на водоводна мрежа на Божин Николов Силни од ул.Ѓорги Капчев 16а до Ѓорги Капчев 22, реконструкција на покривот и санитариите во ОУ Гоце Делчев во Горно Лисиче, санација на фудбалското игралиште во рамки на основното училиште во училишниот двор (обнова на асфалт, замена на спортски реквизити, замена на осветлување), како и поддршка на Велигденските средби во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче и Коњанички марш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст