| четврток, 6 декември 2018 |

Радовишанец загина на патот Штип-Радовиш

Педесет и петгодишен радовишанец загина на патот Штип-Радовиш кај клучката за Неготино, информираше доцна попладнево портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Таа истакна дека според увидот, до несреќата дошло при излетување на автомобилот во кој се превезувал радовишанецот. – Ова се првични информации од страна на лицата кои вршат увид на местото на несреќата за што дополнително ќе информираат, рече Панајотова.

Според Панајотова, во текот на попладневните часови на патиштата во источна Македонија има четири жртви во две одделни тешки сообраќајни несреќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top