Шпанија е во голема неизвесност – дали една од најбогатите покраини во државата, Каталонија, вечерва ќе прогласи независност и какви ќе бидат последиците од тоа по земјата, но и цела Европа…
Каталонците се речиси подеднакво поделени околу отцепувањето од Шпанија и сега целата земја има само едно прашање:
Дали Карлес Пучдемон еднострано ќе прогласи независност на Каталонија?
Некогашниот новинар, 54-годишниот борец за независност од своите најрани години, мора да одговори на прашањето во говорот пред каталонскиот парламент во 18:00 часот кога ќе биде познато „што ќе се случи“ после референдумот за независност на 1-ви октомври кој што шпанскиот уставен суд го прогласи за нелегален.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Пучдемон со денови го подготвувал говорот опкружен со своите советници, додека во Каталонија јасно е дека владее голема поделеност околу независноста, затоа што голем дел од граѓаните се плашат дека независноста ќе биде поголемо зло од Мадрид.Во текот на неделата на улиците на Барселона имаше протест против едностраното прогласување на независност, а истото го побара и бизнис заедницата откако шест од седум големи каталонски компании кои што најдобро котираат на берзата одлучија да го преместат своето седиште надвор од регионот.
“The Catalans *do* things”—@MarianoRajoy, and thousands right here #noidelagabia @bomberscat #generalstrike #Catalonia pic.twitter.com/Sfk2XngMXu
— Liz Castro (@lizcastro) October 3, 2017
Сепак, едно е јасно – за иднината на големата покраина со површина колку Белгија и 7,5 милиони жители, но и судбината на целата земја, ќе биде одлучено денес пред загрижениот поглед на остатокот од Европа која што секако беше потресена со Брегзит во 2016-та година.
Службениот дневен ред на седницата на каталонскиот парламент е сконцентрирана на „политичката ситуација“ после „референдумот“ на кој што каталонските сепаратисти тврдат дека победиле со 90% од гласовите, иако не можат да се пофалат со излезеноста која што изнесува околу 43%.Карлес
Пучдемон би можел да го одбере и средниот пат – „одложување на декларацијата за независност“ или да се задоволи со симболична прокламација, наведувајќи ја итноста за дијалог и да ја активира постапката за етапите, за да не го загуби образот.
Од Мад
They are singing 'Els segadors' the anthem of #Catalonia. Various organizations called for #generalstrike in the region today. #protests pic.twitter.com/Iugllgld18
— Fanny Facsar (@FannyFacsar) October 3, 2017
рид веќе порачаа дека во случај на прогласување на независност, државата ќе ја укине автономијата на покраината, мерка која што никогаш претходно не е применета во оваа децентрализирана парламентарна монархија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст