Со најновата одлука на Американската армија стотина борбени позиции во кои досега служеа само мажи ќе бидат отворени и за понежниот пол. Одлуката од 1994 според која жените не можеа да учествуваат во борбени операции во иднина нема важи.
Министерот за одбрана на САД Леон Панета кој наскоро треба да ја напушти оваа функција ја повлече забраната војници од женски пол да бидат дел од специјални мисии со голем ризик потврдија денеска високи неименувани претставници на Пентагон.
Жени во моментов служат во голем број борбени операции вклучително и како пилоти на воени авиони или на бродови во борбени подрачја но не беа дел од специјалните сили како морнаричките фоки или ренџерите.
Од почетокот на војните во Авганистан и Ирак 292,000 жени биле дел од армијата на САД а вкупно 152 припаднички на понежниот пол загинале во неборбени акции. Повредени биле 958 жени војници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.