| четврток, 6 декември 2018 |

Центар без општествени бариери и пристап до секоја врата на лицата со телесен хендикеп

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар Зоран Поповски и дел од советниците од советничката листа оствари средба со претседателот на Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА, Бранимир Јовановски.

На средбата се разговараше за подобрување на условите во основните училишта за полесно функционирање и движење низ училиштата. Се договорија бројни заеднички проекти во наредните четири години, со посебен акцент на проекти кои ќе ги срушат општествените бариери и ќе ја подобрат пристапноста до секоја врата на лицата со телесен хендикеп.

Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА е формиран 1986 година како национална инвалидска организација на лицата со телесен инвалидитет на Македонија, која има за задача да ги претставува и застапува лицата со телесен инвалидитет и нивните интереси во комуникација со државните органи во Република Македонија, како и на меѓународно ниво. Во согласност со прописите, предлага претставници на лицата со телесен инвалидитет во работните тела во државните органи кои ги третираат прашањата во врска со лицата со инвалидитет.

Во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА се здружени 17 општински, меѓуопштински и градското здружение на лицата со телесен инвалидитет на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top